Сработеното во 2017

administrator News

Заокурживме уште една успешна година од постоењето на Архео Паркот Бразда, докажавме дека со многу труд и љубов може да се постигне скоро се, паркот привлекува се повеќе посетители, како домашни така и странски, а особено задоволство ни причинува тоа што и свеста кај локалното население значително се крена за зачувување на ова мало парче со значајно културно наследство и преубава природа.

Со реализација на проектот “Одржување, Промоција и Популаризација на Архео Паркот Бразда 2017” се започна во месец февруари. По теренските подготовки се набави потребната опрема за косење и одржување на паркот. Најпрво се отстрани големата дива вегетација од локалитетот, активност за која беше ангажиран Перо Синадиновски како и членови на Институтот. По големото пролетно средување паркот редовно се одржуваше секој месец со косење на тревата, собирање на ѓубрето и ситни поправки.

Во месец август се обновија патоказните табли и инфо таблата на локалитетот со печатење на нови фолии кои беа ставени на постоечките табли. Со две волонтерски акции организирани од страна на ЗГ Институт за археолошки истражувања – Скопје се расчистија плоштадот, дромосот и надворешниот дел од комората од вегетацијата која ги прекриваше.

Изработивме добредојде знак за кој беше направено и видео кое е споделено на сите социјани мрежи, се обнови хортикултурната спирала која се обложи со дрво и пред крајот на сезоната уште еднаш се отсрани дивата вегетација од комората и дромосот. Со овие активности се завршија теренските обврски.


На почетокот од годината го ревитализиравме и сајтот на архео паркот www.arheoparkbrazda.mk. На Инфо таблата и сајтот на видно место се постави логото на Министерството за Култура на Република Македонија како поддржувач на проектот.
Од аспект на промоцијата се испечати промотивен материјал во форма на стикери, а во склоп на проектот Ден на Археологија 2017 се изработи промо видео со дрон за локалитетот.

Проектот е во реализација на Институт за Археолошки истражувања – Скопје преку националната програма за култура на Министерството за Култура за 2017, а со поддршка на НУ Археолошки Музеј на Македонија.
И покрај сите потешкотии ќе се потрудиме овој проект да продолжи и во наредната година и искрено се надеваме на поголема поддршка од надлежнте иституции но и од сите добронамерници кои не би сакале овој парк да не потоне повторно во заборав.

One response to “Сработеното во 2017”


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Powered by http://wordpress.org/ and http://www.hqpremiumthemes.com/