Сработеното во 2019

administrator News

Заокурживме уште една успешна година од постоењето на Архео Паркот Бразда, докажавме дека со многу труд и љубов може да се постигне скоро се, паркот привлекува се повеќе посетители, како домашни така и странски, а особено задоволство ни причинува тоа што и свеста кај локалното население значително се крена за зачувување на ова мало парче значајно културно наследство и преубава природа.

Со реализација на проектот “Одржување, Промоција и Популаризација на Архео Паркот Бразда 2019” се започна во месец февруари. По теренските подготовки се набави потребната опрема за одржување на паркот. Најпрво се отстрани големата дива вегетација од локалитетот, активност за која беше ангажиран Перо Синадиновски како и членови на Институтот. По големото пролетно уредување паркот редовно се одржуваше секој месец со косење на тревата, собирање на ѓубрето и ситни поправки.

  
Во месец февруари добивме донација од општината Чучер – Сандево која се состоеше од две нови клупи за седење како и две канти за отпадоци кои ги поставивме во паркот и со тоа се збогатија содржините. За наредната година добивме ветување дека ќе добиеме и донација од 150 м2 коцка од калдрма која планираме да ја поставиме врз постоечката пристапна патека, сакаме да упатиме огромна благодарност до општината што го подржува овој успешен проект. На постоечките и дотрајани клупи поставивме нови квалитетни даски со што им дадовме нов живот, врз овие клупи како и преку целиот дрвен материјал поставен во паркот ставивме нов заштитен лак.

Во месец јуни се поставивме две нови патоказни табли, а се обновија и старите со печатење на нови фолии кои беа ставени на постоечките табли воедно на истиот начин се обнови и инфо таблата на локалитетот. Со две волонтерски акции организирани од страна на ЗГ Институт за археолошки истражувања – Скопје се расчистија плоштадот, дромосот и надворешниот дел од комората од вегетацијата која ги прекриваше.За потребите на веб сајтот ангажирано е лице кое цела година го одржува сајтот на архео паркот www.arheoparkbrazda.mk. На Инфо таблата и сајтот на видно место се поставија логоата на новите подржувачи кој покрај Министерството за Култура на Република Македонија се поддржувачи на проектот.

Од аспект на промоцијата се испечати промотивен материјал во форма на стикери и маици, а во склоп на различни проекти се изработија промо видеа за локалитетот и активностите во паркот.

Проектот е во реализација на Институт за Археолошки истражувања – Скопје преку националната програма за култура на Министерството за Култура за 2019, а со поддршка на НУ Археолошки Музеј на Македонија.

Оваа година, Археолошкиот музеј во рамки на годишната програма на институцијата ја реализираше првата фаза од активностите посветени на санација и ревитализација на Владетелската гробница на локалитетот Градиште, село Бразда. Целта на овој проект беше целосно расчистување на комората на овој значаен и уникатен објект од V век пр.н.е. што се случува за прв пат по неговото откривање во 1986. Проектот се реализираше под раководство на Роберт Петковски и Радомир Ивановиќ од Археолошкиот Музеј, а стручниот тим го сочинуваа: Горан Ивановски, Стеван Илиевиќ, Марјан Костовски, Иванчо Велков, Илија Бошковски и Перо Синадиновски. Голема благодарност и до локалното население кое како и секогаш беше подготвено да помогне.И покрај сите потешкотии ќе се потрудиме овој проект да продолжи и во наредната година и искрено се надеваме на поголема поддршка од надлежнте иституции но и од сите добронамерници кои не би сакале овој парк да потоне повторно во заборав.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Powered by http://wordpress.org/ and http://www.hqpremiumthemes.com/