За Проектот

Brazda_489
Brazda_097
Brazda_099
Brazda_154

Студентите по археологија, за прв пат се сретнуваат со археолошкиот локалитет Градиште с. Бразда, за време на нивните студии. Така беше и во нашиот случај. Прв пат кога се запознавме со ова место во исто време имавме момент на восхитеност, но и на жал. Пред нас стоеше една монументална владетелска гробница од V век пне. со масивни камени блокови, но целото место беше обраснато со дива вегетација и покриено со смет. Тогаш се роди идејата ова место да прерасне во туристичка атракција.

Конечно во 2012 година здружението во партнерство со НУ Музеј на Македонија, а поддржано од АД ЕЛЕМ преку својата програма за општествена одговорност излезе на терен со цел да ја смени сликата за ова значајно културно наследство.

За таа цел тимот презеде активности за уредување на локалитетот и неговата околина.

– Внатрешноста на гробницата и дромосот целосно беа исчистени од дива вегетација и шут, со тоа се зголеми видливоста на локалитетот

– Платото пред гробницата беше исчистено и нивелирано,

– Обезбеден е пристап со изградба на пристапна патека со два моста,

– Изграден е плоштад на кој се поставени дрвени клупи,

– Со волонтерска акција се исчистија речните корита од ѓубре,

– Хортикултурно се облагороди целиот парк,

– Поставена е Инфо табла и патокази,

– Поделени се информативни флаери,

– Медиумски се презентираше Архео паркот

– Изработен е web site

Со реализацијата на проектот, врз археолошката и пошироката културна јавност како и локалното население се изврши влијание за важноста и значењето за заштита на културното наследство и негово искористување за цели за економски развој и промоција на локалната заедница. Археолошкиот парк Бразда стана нова туристичка атракција во непосредна близина на главниот град, а воедно и континуирано ќе придонесува за развој на туризмот во рурална средина.

Од 2016 година за Архео Паркот Бразда се грижи Институтот за Археолошки Истражувања – Скопје во соработка со Н.У. Археолошки музеј на Македонија, а со поддршка од Министерство за култура на Р. Македонија.

Идејното решение за овој парк не е комплетирано, ИАИ – Скопје има план со дополнителни содржини да го збогати архео паркот. Со целосната имплементација на замисленото ќе се добие еден уникатен археолошки парк по сите светски стандарди.

Ова е тимот кој го реализираше овој проект:

Радомир Ивановиќ – проект менаџер, ИАИ – Скопје
Горан Санев – стручен соработник, Н. У. Археолошки Музеј на Македонија
Елена Каранфиловска, Бојан Трпчевски, Милица Коцева, Сашо Ѓорѓевиќ – проектен тим

Александар Николовски, Огнен Ончевски, Кирил Шентевски, Данило Ончевски, здружение Зелената Арка,

Перо Синадиновски, Саше Василевски, Милан Ѓорѓески, Ненад Пивко, Благоја Китановски, Ана Стевановска, Сања Ѓорѓевиќ, Бојан Стојановски, Дарко Манасиев, Кристијан Димитровски, Вукашин Стевановиќ – волонтери

Владимир Трајановски, Ратка Шоклевска, Дончо Наумовски, Спиро Лазаров, Јане Качански – соработници

Поддржано од: АД ЕЛЕМ и Министерство за култура на РМ

Пријатели: САЗ Аксиос, Image Plus, Македонски шуми, Хорти Дизајн, ЗГ Менелај, АНД Мамархе и локалното население


Powered by http://wordpress.org/ and http://www.hqpremiumthemes.com/