ИАИ – Скопје

Институтот за археолошки истражувања – Скопје е формиран после долгогодишно дејствување на нејзините членови на полето на културата и културните збиднувања во нашата земја и странство со една цел, потреба од здружување на сите археолози на едно место од каде понатаму ќе можат да допринесат за развојот на археологијата, воопшто. Потребата од формирањето на ИАИ – Скопје се јави поради недостигот од вакви здруженија во нашата земја. Желбата да се променат условите за работа и дејствување на археолозите и желбата и потребата да се работи со голема љубов науката на која сме и го посветиле животот е единствената светла нишка која ги води членовите на ова здружение несебично да работат и да создаваат нови проекти кои ќе бидат реализирани од страна на многу археолози, сегашни и идни.

ИАИ – Скопје е здружение кое дејствува првенствено на полето на археологијата, формирано во 2016 година. Основна цел на ИАИ – Скопје е превземање на соодветни активности и ангажирање во областа на археологијата, заштита на културното наследство, унапредување на животната средина, развој на алтернативниот туризам.


Powered by http://wordpress.org/ and http://www.hqpremiumthemes.com/