Отворен првиот археолошки парк во Македонија – „Архео Парк Бразда“

administrator News

На 21. Мај 2013 година на падините на Скопска Црна Гора во с. Бразда, општина Чучер – Сандево се отвори првиот археолошки парк во Македонија „Архео Парк Бразда“, проект реализиран од здружението „Археологика“. Целта на овој проект е да се заштити и промовира културното наследство на Република Македонија, да се заштити природата што го опкружува и со тоа да креира нова туристчка атракција – архео парк во непосредна близина на главниот град.

Долги години од неговото откривање, локалитетот Градиште с. Бразда беше недостапен за посетители, а многуте случајни и намерни минувачи немаа можност да се информираат за особеностите на ова значајно културно наследсво. Токму поради тоа, во договор со НУ Музеј на Македонија, здружението Археологика го реализираше овој проект.

“Во текот на изминативе неколку месеци, преземавме активности за средување на овој локалитет со кои: целата дива вегетација и ѓубре беа отстранети, внатрешноста на гробницата беше исчистена, платото пред гробницата беше нивелирано, се изгради пристапна патека со два моста, се исчисти речното корито од ѓубре, се постави инфо табла и патокази и се изработи веб страница за паркот. Сите материјали кои ги користевме за уредување на овој парк се природни и не отскокнуваат од природната средина со што направивме синергија помеѓу културното наследство и природата.

Веќе реализираното е само дел од целокупното идејно решение за овој архео прак. Се надеваме дека ќе бидеме во можност целосно да го имплементираме.“ – изјави Радомир Ивановиќ, претседател на Здружението “Археологика”.

„Во пишаните извори од антиката нема многу податоци за овој крај и особено за градот што тука постоел. Отаму неговото откривање истовремено отвори многу прашања пред археолозите: кои биле градителите на едно вакво здание, од каде дошле, кога и како живееле и особено која била нивната улога во скопската котлина во тие дамнешни времиња во раната антика“ – изјави м-р Горан Санев, кустос археолог од Музеј на Македонија и раководител на истражувањата на овој локалитет.

Овој проект е подржан од АД ЕЛЕМ кој преку нивната програма за општествена одговорност овозможи да се отвори првиот архео парк, а како партнери и помагатели се јавуваат: НУ Музеј на Македонија, здружение Зелената Арка, САЗ Аксиос, Македонски шуми, Image Plus, локалното население, волонтери од катедрата за археологија при Филозофски факултет и др.

На отварањето на „Архео Парк Бразда“, присуствуваа 80-тина посетители, меѓу кои претставници на: Музеј на Македонија, Управа за заштита на културно наследство, Филозофски факултет, студенти, локалното население, медиуми и др.

[nggallery id=2]

Comments are currently closed.


Powered by http://wordpress.org/ and http://www.hqpremiumthemes.com/