Архео Парк Бразда

Локалитетот

Бразда лежи на 10 км северно од центарот на Скопје, во југо западното подножје на Скопска Црна Гора. На југозапад од селото се издига издвоен рид Градиште, висок 70м над околината. Северната и западната падина му се многу стрмни, а на југ и исток теренот терасесто паѓа надолу. Во северното подножје на ридот се составуваат рекичките Бразда и Глушка (Чучерска). Оваа вода порано каптирана, била спроведена на југ и ги снабдувала античкиот град Скупи и средновековното Скопје со вода за пиење.

Проектот

Студентите по археологија, за прв пат се сретнуваат со археолошкиот локалитет Градиште с. Бразда, за време на нивните студии. Така беше и во нашиот случај. Прв пат кога се запознавме со ова место во исто време имавме момент на восхитеност, но и на жал. Пред нас стоеше една монументална владетелска гробница од V век п.н.е. со масивни камени блокови, но целото место беше обраснато со дива вегетација и покриено со смет. Тогаш се роди идејата ова место да прерасне во туристичка атракција.

Конечно во 2012 година здружението во партнерство со НУ Музеј на Македонија, а поддржано од АД ЕЛЕМ преку својата програма за општествена одговорност излезе на терен со цел да ја смени сликата за ова значајно културно наследство.

За таа цел тимот презеде активности за уредување на локалитетот и неговата околина.

Со реализацијата на проектот, врз археолошката и пошироката културна јавност како и локалното население се изврши влијание за важноста и значењето за заштита на културното наследство и негово искористување за цели за економски развој и промоција на локалната заедница. Археолошкиот парк Бразда стана нова туристичка атракција во непосредна близина на главниот град, а воедно и континуирано ќе придонесува за развој на туризмот во рурална средина.

Од 2016 година за Архео Паркот Бразда се грижи Институтот за Археолошки Истражувања – Скопје во соработка со Н.У. Археолошки музеј на Македонија, а со поддршка од Министерство за култура на Р. Македонија.

Идејното решение за овој парк не е комплетирано, ИАИ – Скопје има план со дополнителни содржини да го збогати архео паркот. Со целосната имплементација на замисленото ќе се добие еден уникатен археолошки парк по сите светски стандарди.

Платото пред гробницата беше исчистено и нивелирано

Обезбеден е пристап со изградба на пристапна патека со два моста

Изграден е плоштад на кој се поставени дрвени клупи

Со волонтерска акција се исчистија речните корита од ѓубре

Хортикултурно се облагороди целиот парк

Внатрешноста на гробницата и дромосот целосно беа исчистени од дива вегетација и шут, со тоа се зголеми видливоста на локалитетот

Поставена е Инфо табла и патокази

Поделени се информативни флаери

Медиумски се презентираше Архео паркот

Изработена е веб страна за паркот

На зарамнетиот врв на Градиште, на јужната и запападната падина, лежат остатоци од утврдената раноантичка населба (7-4 век п.н.е), распоредена на неколку подѕидани тераси, на површина од 4,5 Ха.

Јасни се повеќе елементи од нејзиното градење, намена и историјат. По намената, гробницата била несомнено владетелска. За тоа зборува пред се нејзината големина, потоа квалитетот на градење и обработка на блоковите, за што биле ангажирани врвни архитекти.

Тимот што го реализира овој проект:

Од 2016 година за Архео Паркот Бразда се грижи Институтот за Археолошки Истражувања – Скопје во соработка со Н.У. Археолошки музеј на Македонија, а со поддршка од Министерство за култура на Р. Македонија.

Идејното решение за овој парк не е комплетирано, ИАИ – Скопје има план со дополнителни содржини да го збогати архео паркот. Со целосната имплементација на замисленото ќе се добие еден уникатен археолошки парк по сите светски стандарди.