Одбележување на Европската година на културното наследство 2018

[:mk]Со одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година е прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива е да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Под слоганот за Годината „Нашето наследство: каде минатото се сретнува со иднината“, се подвлекува заложбата за подобро разбирање на минатото преку културното наследство, кое воедно овозможува и поглед кон иднината.

 

Земјите-членки на Европската Унија годинава ќе организираат мноштво  настани и проекти на европско, национално, регионално и локално ниво, фокусирани на вклучување на пошироката јавност, особено на децата и младите, кои би помогнале во зајакнувањето на нивното знаење за културното наследство, но и за припадноста во поширокото Европско семејство.

Во овој контекст, Европската Комисија има развиено концепт наречен Рути за културно наследство ЕУ-Западен Балкан, во чии рамки Делегацијата на ЕУ поддржа 12 проекти со помали грантови кои ќе се вклучат во одбележувањето на Европската година на културното наследство низ земјава.

Со големо задоволство објавуваме дека Инстутутот за Археолошки Истражувања со проектот: “Промоција на владетелската гробница на археолошкиот локалитет Градиште – Бразда” е еден од 12-те проекти финансирани од Делегацијата на Европската Унија во рамки на повикот за предлози за одбележување на Европската година на културно наследство.

Главната цел на проектот е да ја подигнеме свеста кај локалното население за значењето на културното наследство кое го имаат во нивната непосредна близина, како и да ги поттикнеме да учествуваат во заштитата и одржувањето на архео паркот во иднина.

Во рамки на проектот ќе се огранизира целодневен настан во самиот парк кој ќе вклучува презентација на документарни филмови создадени за локалитетот како и изложба на фотографии од природната околина и подготовките и преземените активности да се исчисти и да се претвори овој напуштен локалитет во нова туристичка атракција.[:]

Leave a Comment