Заокурживме уште една успешна година од постоењето на Архео Паркот Бразда, докажавме дека со многу труд и љубов може да се постигне скоро се, паркот привлекува се повеќе посетители, како домашни така и странски, а особено задоволство ни причинува тоа што и свеста кај локалното население значително се крена за зачувување на ова мало парче значајно културно наследство и преубава природа.
Со реализација на проектот “Одржување, Промоција и Популаризација на Архео Паркот Бразда 2020” се започна во месец февруари. Најпрво се отстрани големата дива вегетација од локалитетот, активност за која беa ангажирани членови на здружението. По големото пролетно уредување паркот редовно се одржуваше секој месец со косење на тревата, собирање на ѓубрето и ситни поправки.
Во месец Септември добивме донација од општината Чучер – Сандево која се состоеше од 100 м2 коцка од калдрма која во месец Октомври ја поставиме врз постоечката пристапна патека, сакаме да упатиме огромна благодарност до општината што го подржува овој проект.
За потребите на веб сајтот ангажирано е фирма кое цела година го одржува сајтот на архео паркот www.arheoparkbrazda.mk.
Проектот е во реализација на ЗГ Институт за археолошки истражувања – Скопје преку националната програма за култура на Министерството за Култура за 2020, а со поддршка на НУ Археолошки Музеј на Р. С. Македонија.
И покрај сите потешкотии ќе се потрудиме овој проект да продолжи и во наредната година и искрено се надеваме на поголема поддршка од надлежнте иституции но и од сите добронамерници кои не би сакале овој парк да не потоне повторно во заборав.
За да бидете во тек со случувањата во архео паркот следете не на нашите профили на Facebook и Instagram